Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден се поднови со специјално возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 7м3. Ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места.
Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто ова е трето набавено возило за период од 12 месеци, а до крајот на оваа календарска година следува набавка на нова полуприколка за транспорт на отпад со капацитет од 45м³.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк. Градоначалникот Георгиевски додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”.
Извор: Општина Илинден