spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце...

Илинден: Продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Во ПООУ „Гоце Делчев“ започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски  го посети училиштето и дечињата, со цел да се запознае како се одвиваат наставните активности и како се одржува училиштето. Тој истакна дека продолжен престој е обезбеден за прво одделение за околу 50 дечиња и со сопствени средства и покрај немањето поддршка од централната власт обезбеден е продолжен престој за второ оделение, следната година ќе има и за учениците од трето одделение.

Во Општина Илинден за прв пат е воведен продолжен престој со изградбата на новото училиште, со цел да им се помогне на родителите околу згрижувањето на децата. Новото училиште е изградено според највисоки образовни нормативи и стандарди. Во него учат учениците од прво до петто одделение комплетно се опремени сите простории за настава со потребен инвентар, сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост како и кујна со трепезарии.

Прочитајте

Демир Хисар: Национален фолклорен фестивал “ВЕЛИГДЕНСКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” Демир Хисар 2024

0
Учествуваат:  КУД “ИЛИНДЕН” Битола  КУД “БИСЕР” Кичево  КУД “ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ” Охрид  КУД “ИЛИНДЕН” Демир Хисар  Градски плоштад Демир Хисар  28.04.2024 година (недела)  12 часот  Фестивалот е во организација на Дом на...