Илинден: Изградба на нов кров на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

ОпштиниИлинден: Изградба на нов кров на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

Најчитано

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино.

Во рамки на проектот предвидена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште, ќе се изврши отстранување на старите салонитни табли кои содржат азбестни компоненти, отсранување на хоризонтални и вертикални олуци, поставување на кровен покривач од пластифициран валовит лим. Воедно ќе се изврши и набавка и поставување на хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациони канали и поставување на снегобрани.

Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски, кои констатираа дека работните активности се одвиваат според предвидената динамика. Притоа со оваа замена на кровната конструкција ќе се опфати површина од околу 1600м2 на објектот и ќе се обезбеди хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот кров и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција. ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години, за прв пат се врши замена на кровната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици.  

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе