spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Подобрување на патната инфраструктура

Илинден: Подобрување на патната инфраструктура

По претходно асфалтираните два крака од улица „11“ се продолжи со асфалтирање и на останатите 7 краци од истата улица. Деновиве се асфалтираа крак 2, крак 3, крак 5, крак 6, крак 7, крак 8 и крак 9. Со асфалтирањето на овие седум краци заврши комплетно асфалтирањето на сите 9 краци од улица „11“.

Овие улици за прв пат добија асфалт и беа предвидени во рамки на програмата за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Увид во текот на асфалтирањето направи градоначалникот, Александар Георгиевски, кој истакна дека патната инфраструктура е значаен сегмент во работењето на Општина Илинден, така што покрај асфалтирањето на овие девет краци од улицата „11“ ќе се продолжи и на други улици низ сите населени места.

Реконструкцијата и асфалтирањето на овие девет краци е извршено по претходно изградените краци за прифаќање и одведување на фекални води како и изградба на дел од водоводна мрежа. На овој начин на граѓаните од овој дел на населеното место Илинден  ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура како и ќе се подобри квалитетот на живот.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Прочитајте