Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите.
Деновиве започна изградбата на видиковец во Бунарџик, со поставување на урбана опрема како и просторно и хортикултурно уредување. Овој проект се реализира заедно со општествено одговорни компании, каде е предвидено изградба на видиковец од бетон, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, осветлување и целиот простор ќе биде хортикултурно уреден.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи убид во градежните работи и истакна дека изградбата се одвива со предвидената динамика, а жителите од Општина Илинден наскоро ќе добијат убаво уреден рекреативен простор. Видиковецот со уредениот простор ќе биде одлично место за посета и рекреација, со поглед кон скопската котлина.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување на простор, како и поставување на нова урбана опрема, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината.