Приоритет во работењето на локалната самоуправа во областа на патната инфраструктура е превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија пешаците и велосипедистите.
Во тие рамки е и реализацијата на Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.
Во таа насока на повеќе локации во Општината е извршено поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, такашто извршено се обележување на пешачките премини, поставени се сферни огледала како и заштитни столбчиња. Добрата патна инфраструктура, соодветната хоризонтална и вертикална сигнализација, но и почитувањето на сообраќајните правила и прописи се главен услов за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Затоа, во иднина ќе продолжиме со инвестициите во оваа област, но и со апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат катастрофални.