Општина Илинден продолжува со градежната офанзива со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, отпочнаа градежните работи за реконструкција на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина од 5,5 метри.
Денес увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека согласно проектот ќе се изврши реконструкција на коловозот на улицата, а паралелно со оваа реконструкција ќе се изгради и пешачка патека која ќе биде со ширина од 1,5 метри. Средствата за реконструкција на улицата се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Во рамките на градежната офанзива во изминатиот период се работеше на повеќе локации. Асфалтирани се краци од улица „531“ во населено место Марино, асфалтирани се 9 краци на улица „11“ во Илинден, крак на улица „9“ кој се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , крак 10 на улица „11“, а покрај асфалтирање се работи и на тампонирање и санација на улици. Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.