HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на улици во Марино

Илинден: Асфалтирање на улици во Марино

spot_img
spot_img

Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден. Асфалт добија 4 краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800м2.

Увид на терен за работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа е подобрување на патната инфраструктура. Денеска се асфалтираше на краци од улица „531“, а работните активности во наредниот период ќе продолжат во населено место Кадино.

Во изминатиот период асфалтирани се 9 краци на улица „11“ во Илинден, крак на улица „9“ кој се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , крак 10 на улица „11“, а покрај асфалтирање се работи и на тампонирање и санација на улици. На овој начин се подобрува патната инфраструктура, како и квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија