spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

Илинден: Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  завчера беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден  и невладини организации и граѓани.

Денот на македонската револуционерна борба,  23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за слобода и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година.

Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити  од околните места на денешната општина Илинден.

Прочитајте