spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје го заврши уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром долж булеварот АСНОМ со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување. Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид во уредувањето на новиот парк и новите пешачки патеки покрај булеварот АСНОМ кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните. Паркот го изведоа јавните претпријатија на Град Скопје ЈП Паркови и зеленила и ЈП Улици и патишта.

Годинава Град Скопје изврши и целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“.

Градот Скопје ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на живот, животната средина, зголемување на градското зеленило и паркови површини.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте