Градот Скопје отпочна со втората фаза на градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба. Како што истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, при увидот во градежните активности на терен, оваа улица која беше во катастрофална состојба не била реконструирана повеќе децении.
– Во првата фаза се изврши реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа, а покрај реконструкција на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот. Улицата „808“ е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона. – истакна градоначалничката Арсовска.
Реконструкцијата се врши на потег од крстосницата со улица „16 Македонска Бригада“ кај централната база на Противпожарната бригада до крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“, а градежните работи на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”.
Извор: Град Скопје