spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу - Прашањата на испитот за административни службеници отсега ќе...

МИОА: Министерот Алиу – Прашањата на испитот за административни службеници отсега ќе бидат и на албански јазик

За првпат, прашањата за стручниот дел од испитот за административни службеници и прашањата за теоретскиот и практичниот дел од испитот за административно управување, се достапни и на албански јазик на веб-страниците на Министерството за информатичко општество и администрација и на Агенцијата за Администрација.

 

Ова денеска на прес коференција го соопшти министерот Азир Алиу, истакнувајќи дека, употребата на мајчиниот јазик во испитот за административни службеници ќе обезбеди граѓаните целосно да ги разберат прашањата и информациите дадени на испитот, подобрувајќи ја нивната можност да одговорат точно.

 

Според министерот, преводот на прашањата на албански јазик, кој се реализираше за кратко време, беше неговиот главен приоритет.

 

“Испитот за административни службеници и на албански јазик е важен чекор кон подобрување на употребата на албанскиот јазик во јавните институции каде што ќе помогне да се подобри пристапот и можностите за работа во јавната администрација за албанската заедница во земјата. Ова е уште еден важен чекор кон мултикултурализмот и почитување на различностите,” истакна Алиу.

 

Сите овие активности во основа ја носат заложбата на министерот Алиу за обезбедување систематски и формални законски мерки и критериуми кои ќе гарантираат функционална, професионална, инклузивна, одговорна и ефикасна администрација и институции, во кои граѓаните ќе имаат целосна доверба.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...