spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Почитувани,

Во врска со влошената безбедносна ситуација во Израел и Газа, информираме дека заклучно со вчерашниот ден, петмина државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во Северна Македонија. Потсетуваме дека покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата Амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани. За децата се обезбедени документи за нивно враќање во Северна Македонија, а од надлежните институции во Каиро и Тел Авив добиена е информација дека сите пет државјани се ставени на листата за евакуација, за што се чека одлука за отворање на граничниот премин Рафах.

Исто така информираме дека двете Амбасади на Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со сите наши државјани, кои во моментот се на безбедно.

Отворањето на граничниот премин е условено со состојбите на терен и во моментот граничниот премин е затворен.

Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР-  075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...