spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за 150 стипендии за талентирани ученици/чки - спортисти/ки од...

МОН: Конкурс за 150 стипендии за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година бр. 19-11054/1 од 13.10.2023 година, Mинистерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС

за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици/чки-спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците/чките кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици/чки од I, II, III и IV година,кои во текот на претходната учебна години освоиле награда/диплома за освоено I или II место на меѓународен натпревар организиран од национална федерација или на државен натпревар од областа на спортот, организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;
  2. Да имаат постигнат најмалку просеченмногу добар успехво досегашното образование;
  3. Да не повторувале година во текот на образованието;
  4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  5. Да се државјани на Република СевернаМакедонија.

 

Критериуми за доделување на стипендиите се остварен успех во текот на школувањето и освоена награда-и/диплома-и на државни или меѓународни натпревари.

 

За критериумот остварен успех, бодовите се добиваат според следната формула:

Оценка = бод.

 

За критериумот освоена награда/диплома на државни или меѓународни натпревари и тоа за освоено I (прво) и II (второ) место на меѓународен или државен натпревар од областа на спортот, бодовите се утврдуваат во зависност од видот на освоената награда и тоа:

-I (прво) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 5 бодови, а на државен натпревар со 4 бодови,

-II (второ) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 4 бодови, а на државен натпревар со 3 бодови,

Додека типот на освоената награда се вреднува со 2 бодови за поединечно освоена награда и 1 бод за екипно освоена награда, на пр.:

-Доколку ученикот освоил прво место во групен спорт на државен натпревар тоа значи дека таа диплома ќе се вреднува со 5 бодови (4 бодови за освоено прво место на државен натпревар + 1 бод за екипно освоена награда), или

-Доколку ученикот освоил второ место во поединечен спорт на меѓународен натпревар таа диплома ќе се вреднува со 6 бодови (4 бодови за освоено второ место на меѓународен натпревар + 2 бода за поединечно освоена награда).

 

За награди освоени на државен натпревар од областа на спортот ќе се признаваат само награди освоени на натпревари организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт, а не од спортски клубови, здруженија и сл.

 

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 18.10.2023 до 01.11.2023 година

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;

  1. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);(дасе прикачат скенирани оригинални свидетелства)
  2. Награди/дипломи за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот, организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;(дасе прикачат скенирани оригинални награди/дипломи)
  3. 4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  4. 5. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;
  5. 6. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
  6. 7.Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои не се освоени во претходната учебна година нема да се земаат во предвид.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

 

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 01.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 29.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 1 izjava za licni podatoci_10.doc 

2 izjava ne koristi druga stipendija_6.doc

 3 izjava za tocnost na podatoci_10.doc

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...