spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните...

МОН: Конкурс за 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/24 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/24, бр. 19-11092/1 од 13.11.2023 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 150 (сто и педесет) стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици/чките кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни ученици/чки од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалкудобаруспех;
  2. да се редовни ученици/чки од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалкудобаруспех;
  3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
  4. да не повторувале година во текот на образованието;
  5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  6. да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите е остварениот успех.

 

  1. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

  1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;
  2. Свидетелстватаза завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
  3. 3.Наод и мислењеза видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој
  4. 4.Изјавапотпишана од родител- старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  5. 5.Изјавапотпишана од родител- старател дека доставените документи се вистинити;
  6. 6.Изјавапотпишана од родител- старател за обработка на личните податоци на кандидатот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
  7. 7.Трансакциска сметкана име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 15.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 1 izjava za licni podatoci_5.doc

 2 izjava ne koristi druga stipendija_1.doc 

3 izjava za tocnost na podatoci_5.doc

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте