spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваСтрумица: Со Народниот правобранител имаме извонредна соработка

Струмица: Со Народниот правобранител имаме извонредна соработка

Градоначалникот Костадин Костадинов и Народниот правобранител Насер Зибери, ја отворија работилницата на тема „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализација за граѓаните“ којашто се одржа во Домот на АРМ во Струмица.

Зборувајќи за ефектите од децентрализацијата и соработката со Народниот правобранител, градоначалникот Костадинов истакна дека Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител.

-Но поаѓајќи од фактот дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро, јас сум безрезервно подготвен таа соработка не само да ја негуваме, туку постојано да ја унапредуваме. Народниот правобранител не смееме да го гледаме како спротивставена страна, туку напротив, како добар партнер во борбата за остварување на човековите слободи и права, а тие   слободи и права се неприкосновени. Едно е повеќе од сигурно, ваквите работилници, сoстаноци и меѓусебни средби се неопходни за унапредување на заштитата на правата на граѓаните, затоа што ние постоиме за доброто на граѓаните, рече меѓу другото Костадинов.

На работилницата, во присуство на претставници од општинските одделенија, јавните претпријатија и граѓанскиот сектор, се зборуваше за пренесените надлежности на локално ниво, како и за нивното влијание врз правата на граѓаните,  во делот на урбанизмот, животната средина, образованието, работните односи и социјалната заштита.

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте