spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, август 2023 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, август 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика во август 2023 година се издадени 344 одобренија за градење,
што е за 9.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 038 158 илјади денари,
што е за 23.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (45.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 121 (35.2 %)
за објекти од нискоградба и 66 (19.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 344 објекти, на 180 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 (47.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66 791 м2.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...