spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Појаснување за направената грешка на сообраќајната сигнализација поставена во Струга

АПЈ: Појаснување за направената грешка на сообраќајната сигнализација поставена во Струга

Пред некое време во Струга беше поставенa патна табла, при што името на селото Ладоришт (македонски: Радолишта)) беше напишано како „Радолишта“, односно со грешка во албанската верзија.

Сметаме дека реакцијата на граѓанинот од Струга на порталот „Стругалајм“ е праведна, но појаснуваме до јавноста дека Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) ја лекторирала таблата и ја оставила точната верзија, односно „Ладоришт“. Значи, пропустот е направен од производителот на таблата. Истата грешка е направена и со Френгово.

Исто така, како Агенција препорачавме редоследот на јазиците да биде македонски, албански, англиски а не како што практикува Министерството за внатрешни работи.

 

Бараме и се надеваме дека оваа грешка ќе биде исправена што е можно поскоро и дека нема да се повтори.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте