spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМИОА: Бајдевски учесник на состанокот на Мрежата на директори на институти и...

МИОА: Бајдевски учесник на состанокот на Мрежата на директори на институти и училишта за јавна администрација (DISPA) во Шпанија

Заменикот министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски учествуваше на состанокот на Мрежата на директори на институти и училишта за јавна администрација  (DISPA), кој се одржа под покровителство на Министерството за финансии и јавна функција на Шпанија и Националниот институт за јавна администрација на Шпанија, (INAP), во рамки на шпанското претседателство со Советот на Европската унија.

На настанот учествуваа 27 директори од водечките институти за јавна администрација на Европската унија, претставници од Европската школа за администрација (EuSA), Европскиот институт за јавна администрација (EIPA), претставници на Европската комисија, потоа од Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА); како и раководители на академии од Западен Балкан и претставници на високо ниво од институции за обука на јавната администрација.

Активноста претставува уште еден чекор напред на патот кон исполнувањето на европските административни стандарди и ова е првпат сите членки на ReSPA да учествуваат на состанокот на DISPA.

На настанот се разменуваа искуства и добри практики, се дискутираше за плановите и предизвиците, како и за можностите за регионални партнерства и соработки и учење од искуството на релевантните институции за обука на ЕУ.

Во фокусот беа теми како што се: лидерство, компетенции на високи државни службеници, градење отпорни институции, учење и управување со знаење, иновативни практики итн.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...