spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМакедонска Каменица: Јавен повик за поднесување на барање за еднократна парична помош...

Македонска Каменица: Јавен повик за поднесување на барање за еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар“

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,,Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица бр.08-1899/1 од 27.09.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

  1. Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица бр.08-1899/1 од 27.09.2023 година во износ од 20.000,00 денари, упатува Јавен повик до сите семејства кои имаат ученици кои за прв пат се запишани во прва година средно образование гимназиско образование, текстилно-кожарска струка, геолошко-рударска и металуршка струка.

Правото на еднократна парична помош на семејства со ученик кој за прв пат е запишан во прва година во СОУ,,Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица во машинска струка согласно овој Правилник, ќе го остварат семејствата на оние ученици кои нема да добијат државна стипендија за дуално образование машинска струка.

  1. Родителите/старателите, кои ќе се пријават на јавниот повик кон барањето треба да достават:
  • Потврда во оригинал за запишан ученик во прва година издадена и заверена од Средното Општинско Училиште „ Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица;
  • Потврда во оригинал дека ученикот во прва година не е корисник на друга стипендија, издадена од Средното Општинско Училиште „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица;
  • Изјава од родител / старател дека ученикот не е  корисник на стипендија од други институции или фирми
  • Фотокопија од извод од матична книга на родените (за ученикот во прва година запишан во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица).
  • Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите / старателите;
  • Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател од кој е приложена копија од лична карта или патна исправа.
  1. Пријава – Барање потпишана од родителот/старателот и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица непосредно, по пошта или во електронска форма.

Во електронска форма пријавата и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk; со назнака “за јавен повик за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица“

Рокот за пријавување е до 30 Ноември 2023 година.

Барањата за машинската струка можат да се достават до Општина Македонска Каменица и по истекот на рокот за поднесување, зависно од завршената постапка пред Министерството за образование и наука.

Општина Македонска Каменица

Градоначалник,

Димчо Атанасовски

Документи:

 

 

 

 

Извор: Општина Македонска Каменица 

Прочитајте