spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски оствари средба со Фатих Туркменоглу, новиот шеф на кацеларијата...

МТВ: Министерот Бочварски оствари средба со Фатих Туркменоглу, новиот шеф на кацеларијата на ЕБОР во Северна Македонија

Денеска во Министерството за транспорт и врски, министерот Благој Бочварски оствари средба со новиот шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, г-динот Фатих Туркменоглу.

Министерот на средбата упати честитки до г-динот Туркменоглу за преземањето на функцијата и му посака многу успех, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина како и до сега.

Тие на средбата разговараа и за реализацијата на капиталните проекти кои се реализираат со поддршка од ЕБОР во земјава во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура.

„Европската банка за обнова и развој е наш силен поддржувач во реализацијата на капиталните проекти во делот на патната и железничката инфраструктура во државата. Само за пример, до сега со поддршка од ЕБОР го изградивме експресниот пат Штип – Кочани, а активно работиме на рехабилитација на неколку регионални патни правци како Петровец – Катланово, Велес – Градско, Скопје – Блаце. Во делот на железничката инфраструктура, најголем проект кој го работиме со поддршка од ЕБОР е изградбата на железничката пруга кон Р. Бугарија. Уверен сум дека соработката ќе продолжи и во иднина, работиме на голем број проекти кои носат бенефит за националната економија и за граѓаните.“ – истакна министерот Бочварски.

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...