spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Учениците од OОУ „Кочо Рацин“ во посета на општината

Охрид: Учениците од OОУ „Кочо Рацин“ во посета на општината

Градоначалникот Кирил Пецаков  и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески вчера во големата општинска сала остварија средба со учениците од деветто одделение при OОУ „Кочо Рацин“.

Во рамки на ученичката посета, која е дел од наставната програма по предметот Граѓанско образование, градоначалникот ги запозна младите гости со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет.

Учениците имаа можност да поставуваат прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...