spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба Битиќи - Пирани: ИФЦ заинтересирана за поддршка во делот на енергетиката...

Средба Битиќи – Пирани: ИФЦ заинтересирана за поддршка во делот на енергетиката од обновливи извори

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со Висар Пирани, нов офицер на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) како дел од Групацијата на Светска банка, надлежен за Косово и Северна Македонија.

Денешната средба беше продолжение на состанокот кој вицепремиерот Битиќи пред неколку недели го имаше во Вашингтон со високи претставници на ИФЦ.

Вицепремиерот Битиќи, ја искажа неговата благодарност за интересот на ИФЦ да го развие приватниот сектор во Северна Македонија, особено во делот на енергетиката од обновливи извори, но ја истакна и важноста за приближување и на синџирот на набавки на европскиот континент наречен неаршоринг (near-shoring), што произлезе како голема потреба особено во Ковид периодот.

Висар Пирани од негова страна ја искажа подготвеноста на ИФЦ да разговара за начините на соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ИФЦ во делот на реализација на проекти кои се од интерес на нашата земја преку поддршка на приватниот сектор за подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии.

Пирани го информираше вицепремиерот Битиќи дека во јануари 2024 година, Светска банка ќе ја усвои новата стратегија, после што ќе се добие јасна слика за можностите за реализација на нови инвестиции особено во делот на енергетиката од обновливи извори.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте