spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од...

МФ: Бесими – Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски

Повисок економски раст од годинашниот, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, којшто треба да биде доставен до Собранието на усвојување до средината на овој месец, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите.

„Наредната година очекуваме поповолен тренд на раст на БДП од овој во 2023 година, а воедно ќе продолжиме со фискалната консолидација којашто ја започнавме уште во 2021 година, притоа намалувајќи го буџетскиот дефицит од 8%, колку што изнесуваше во 2020 година на 4,6% оваа година и тој ќе продолжи да се намалува и следната година и ќе дојде до нивото под 4% од БДП. Капиталните расходи, како и оваа година, ќе бидат во износ над дефицитот, а ќе бидат предвидени и средства за антикризни мерки“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека иако наредната година е изборна основните постулати ќе бидат  обезбедување одржливи финансии и одржлив раст, односно растот ќе оди нагоре, поточно над она што е планирано во 2023 година, а дефицитот надолу.

Оваа година реализацијата на капиталните инвестиции е за 110% поголема во однос на претходната година, а зголемување покажуваат и други параметри како што се инвестициите и домашната потрошувачка од која беше придвижен растот.

Надолен тренд се очекува кај инфлацијата, која веќе достигна 6,6% во септември, а се очекува да продолжи да се намалува и во наредниот период, па така во текот на следната година да биде двојно намалена и да изнесува околу 5%.

Во исто време, потенцира министерот, има реален раст кај платите, кои почнувајќи од април растат повеќе од инфлацијата.

Како што посочи наскоро ќе биде објавен деветтиот пакет антикризни мерки. Мерките ќе се спроведуваат до крајот на оваа и на почетокот на следната година, а за нив се одвоени 4,6 милијарди денари во Буџетот за оваа година со направената прераспределба усвоена во септември  и во Буџетот за наредната година. Мерките ќе бидат насочени кон ранливите категории граѓани и за поддршка на компаниите.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...