Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 20 ноември 2023 година.
Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Обуката и полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во период од 04 декември до 08 декември 2023 година во зависност од пријавените кандидати во Научен Институт за тутун-Прилеп во 11 часот.
Лицата кои имаат добиено лиценца за процена на тутун до 2016 година, а не посетиле обука може да се пријават за обука во Научниот Институт за тутун-Прилеп до 20 ноември 2023 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката и денот за полагање на испитот, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.
Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на небеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи:
1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:
-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;
2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:
-потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:
*високо образование со две години работен стаж,
*вишо образование со три години работен стаж,
*средно образование со четири години работен стаж.
3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:
-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.
4. Кандидатите мора да имаат завршено средно образование (4 години).
Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 20.11.2023 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул. “Аминта Трети” бр.2, 1000 Скопје.
Документи за превземање