Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2023 година, во споредба со септември 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 10.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 3.9 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk.
Извор: Државен завод за статистика