spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНаш интерес и интерес на граѓаните е да не стоиме во место,...

Наш интерес и интерес на граѓаните е да не стоиме во место, туку и ние да трчаме кон целта, членство до 2030 година

Заменикот претседател за европски прашања Бојан Маричиќ во Студио 10 на ТВ24 рече дека оваа недела го очекуваме извештајот на Европската Комисија и деталниот план за раст.

„Наша обврска останува донесувањето на уставните измени. Не можеме да избегаме од тоа, колку и да одлагаме и да ги поместуваме и по изборите и по не знам кои избори, таа обврска ќе остане. Сметаме дека треба да се заврши што поскоро. Ќе работиме до крај на овој собраниски состав за обезбедување на 80 пратеници. Мислам дека сите пратеници, пратеничките групи и политички партии треба да се свесни за сопствената одговорност.“

Во таа насока, Вицепремиерот Маричиќ ја спомна и изјавата на Фон дер Лајен, од минатонеделната посета, потенцирајќи ја јасната порака дека имаме перспектива да одиме напред, имаме добра основа за развој, планот за раст е во таа насока, го завршуваме скрининг процесот и доколку сакаме да продолжиме натаму треба да ја завршиме обврската со уставните измени.

Наша задача како Влада е, која сме ја преземале со гласање во собранието на францускиот предлог и со заклучоците на ЕУ да ги спроведеме уставните амандмани.

Маричиќ: Кога велат „под бугарски диктат“, да се навратам пред година и пол дискутиравме дека и идентитетот ќе ни исчезне, дека францускиот предлог ќе не стави во некоја страшно неповолна позиција. Единствено, нашето одлагање на уставните измени може да нѐ стави во понеповолна позиција.

Маричиќ: „Ако одбиеме во скоро време, сите ќе отидат напред, ние ќе останеме во место, а тоа знаете дека е назадување. 2030 година кога јас сум убеден дека ќе има нови членки на ЕУ, меѓу нив ќе бидат сигурно Украина и Молдавија. Кои балкански држави ќе бидат во таа група зависи од нивниот перформанс, однесување и работа во меѓувреме.“

Маричиќ: Немаме многу бенефит ако плачеме на нашата неправедна и тешка судбина. Треба да ги научиме лекциите. Ние навистина направивме се, во 2019 година во смисла на реформите имавме перфектно портфолио. Тоа беше годината кога консензуално се донесе законот за ОТА, се расформираше УБК, се донесе нов закон со гласаање на сите политички партии. Тоа беше годината кога се смени законот за судски совет и судови со 2/3 гласање итн. И имавме веќе имплементиран преспански договор. Идеална ситуација за почеток на преговорите. Францијата реши да се прави нова Методологија која се направи во рок од 2-3 месеци.

Ние не треба да заглавиме во 2019, мора да одиме напред. Денес условите се такви, нашата борба денес е да влеземе во категоријата на наредни членки при првото наредно отворање на портата за нови членки. Безмилосно ќе тече текот на работите. Нема никој ниту да не моли, ниту да не притиска ниту да бара било што. Веќе се утврдени правилата. Преговарачката рамка е таа.

Маричиќ: Албанија нема да не чека и нема зошто да не чека. Ние исто така не сакавме да чекаме никого. Србија и Црна Гора ќе продолжат. Црна Гора има нова Влада на која еден од приоритетите им е забрзување на преговорите со ЕУ. Ги имаат отворено сите поглавја. Тие сакаат до 2026 да завршат со преговорите.

Сите ќе трчаат напред за да стигнат до целта.

Наш интерес, на интерес на граѓаните е да не стоиме во место, туку и ние да трчаме кон целта, членство до 2030 година.

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....