HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е - Даноци работи...

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци работи забавено

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот.

УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП.

Извор: Управа за Јавни Приходи

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Поставување нови и замена на оштетени заштитни столбчиња

0
Општина Карпош продолжува со поставување нови и замена на оштетени заштитни столбчиња на повеќе локации низ својата територија. Во изминатите денови беа поставени пластични столбчиња...