spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со БРО и УСАИД спроведуваат обуки за медиумска писменост за наставници...

МОН: Со БРО и УСАИД спроведуваат обуки за медиумска писменост за наставници од основни училишта

Од 18 септември 2023 година Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“ во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници (1-5то одделение) и наставниците по мајчин јазик од 6-9 одделение во основното образование. Обуките ќе траат до крајот на март 2024 и  ќе ги опфатат сите основни училишта во државата, а нивната реализација веќе се одвива на македонски, албански и турски јазик. Преку поддршката на проектот, во овие 6 месеци, ќе се реализираат над 250 обуки и ќе се обучат над 8.500 наставници низ целата држава.

Во текот на периодот на имплементација на обуките, Министерството ги поддржува БРО и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во подготовката на инструменти за теренски мониторинг на примената на обуките и етапно следење на воведувањето на медиумската писменост во наставата. Мониторингот ќе го спроведуваат наставниците и советниците кои ги држат обуките за колегите-наставници.

Обуките кои ги следат наставниците покриваат различни сегменти од медиумската писменост кои за учениците се предвидени во наставните програми по мајчин јазик во основното образование. Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди; предизвици и опасности на социјалните медиуми; пристапи поврзани со проверка и верификација на информации и содржини, како и анализа на содржини и креирање на медиумски продукти  од страна на учениците.

Континуираното организирање на обуки е единствениот начин да се зајакнуваат професионалните компетенции на наставниците и стручните соработници во училиштата, како клучна алка во воспитно – образовниот процес од која најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...