spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”

Илинден: Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”

Центарот на спортските случувања беше во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа преку 250 борци и тоа од  клубови од Германија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија и се разбира од Македонија.

На 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023” се обрати и ги поздрави присутните, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при што ги прогласи натпреварите за отворени. Тој истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина. Со оглед на фактот дека овој турнир по втор пат се одржува во нашата општина, тоа е доказ дека Општина Илинден се покажа како добар домаќин за спортските натпревари.

Турнирот беше во три дисциплини во детски и во возрасни категории, машка и женска конкуренција. Натпреварите течеа во најдобар ред во позитивен спорски дух, без повреди, а љубителите на овој спорт имаа можност да ги погледнат динамичните борби, дуо-систем што значи презентација на техники за самоодбрана како и неваза-бразилска џиу-џица.

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...