spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Заменикот министер Бајдевски оствари работна средба со францускиот министер за трансформација...

МИОА: Заменикот министер Бајдевски оствари работна средба со францускиот министер за трансформација на јавниот сектор и државна служба, Гуерини

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски денеска оствари работна средба со францускиот министер за трансформација на јавниот сектор и државна служба, Станислас Гуерини, на која подетално го информираше за проектите и активностите на МИОА, со посебен акцент врз реформите во јавната администрација и дигитализацијата, како и за неодамна потпишаниот Меморандум со Француската Амбасада во Скопје, за зајакнување и унапредување на професионалните капацитети во македонската администрација.

Бајдевски ја искористи оваа прилика да се заблагодари за поддршката на Република Франција за Северна Македонија на патот кон ЕУ во однос на приоритетите меѓу кои, зајакнување на владењето на правото, добро владеење, како и јакнење и унапредување на професионалните капацитети во администрацијата преку различни форми на стручно усовршување и обука.

Бајдевски, заедно со делегација на Регионалната школа за јавна администрација предводена од директорката на  РеСПА, Маја Ханџиска Трендафилова, престојува во работна посета на Република Франција, каде се предвидени низа активности во насока на јакнење на административните капацитети и професионализација на јавната администрација во нашата земја.

Во таа насока, денеска беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу француското министерство и РеСПА, со што уште повеќе ќе се засилат активностите поврзани со трансфер на знаење и колективно учење, а поврзано со реформите во јавната администрација на земјите во регионот.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...