spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Завршен настан за проектот Заедно сме подобри

Велес: Завршен настан за проектот Заедно сме подобри

Меѓуопштинското Здружение на лица со телесен инвалидитет на Општина Велес, Чашка и Градско „Мобилност”, Велес  во просториите на Европска куќа организираше завршен настан за проектот „Заедно сме подобри”, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од  Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.

Со овој завршен настан се заокружи едногодишниот процес на имплементација и реализација на проектните активности.

Проектот ReLOaD 2 се спроведува во осум партнерски општини: Велес, Битола, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид и преку транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации се поттикнува поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки со што се подобруваат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

 

Извор: Општина Велес

Прочитајте