spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДЗС: Исплатена НЕТО Плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), Образование (10.9 %), Јавна
управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37 876 денари.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...