Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош.
Ова е еден од објектите чија реконструкцика се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.
Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување.
Реконструкцијата на мостот се реализира на барање на граѓаните кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
Извор: Град Скопје