Државната комисија за спречување на корупцијата успешно ја користи TAIEX краткорочната техничка помош за исполнување на својата надлежност. Оттука, на 22 и 23 ноември 2023 година се реализираше TAIEX експертската мисија на тема судир на интереси, со посебен фокус на механизмите за спречување на конфликт на интереси и подигање на свеста насочена кон именувани и избрани лица.
За оваа цел, од страна на Европската комисија беа ангажирани експертите Жан Оливие и Џордан Матју, двајцата експерти од Франција, кои одржаа средби и состаноци со релевантни чинители од ДКСК, меѓукои Претседателката на ДКСК и членовите на ДКСК, а процес на дебата и едукација беше спроведен со вработените во Секретаријатот на ДКСК од Одделението за спречување на судир на интереси.
Темите кои се опфатија со експертската мисија, а кои се однесуваа на стручната проценка беа анализа на постојната регулатива и механизми кои се однесуваат на судир на интереси и забраните и ограничувањата на службените лица како и целесообразноста на практичната примена на законските одредби, односно што значат одредбите за фактичко отстранување на конфликтот на интереси; Добрите практики на членките на ЕУ за најдобри механизми за спречување на конфликтот на интереси како механизам за репресија и механизми за подигање на свеста на именуваните и избраните лица со цел да се спречи тоа; како и заклучоци и препораки за натамошно подобрување на надлежноста и надлежноста на ДКСК со цел да се постигне ефектот од одлуките на ДКСК и да се отстрани конфликтот на интереси.