Во кабинетот на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски беше реализирана работна посета со претставници од ВП 1969 Петровец. На средбата присуствуваше Командантот на единицата, полковник Игорчо Стоименовски со неколку свои соработници.
На оваа средба се потврди долгогодишната соработка помеѓу АРМ и Општина Петровец и продлжување на истата поврзана со приближување на армијата до граѓаните, организирање заеднички спортски натпревари и други културни манифестации, изложби, хуманитарни акции и слично.
Извор: Општина Петровец