По повод 130 години од Формирањето на Македонската револуционерна организација и по повод од 120 години од Илинденското востание и смртта на Гоце Делчев, Општина Карпош и Матицата на иселеници од Македонија организираа трибина ,,130 години МРО”. На овој настан, кој е од историски карактер, се промовираше зборникот на трудови ,,120 години од Илинденското Востание’’ и зборникот на трудови ,, Македонското прашање во документите на Коминтерната”.
Формирањето на македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун, е клучен датум за македонската историја. Периодот по нејзиното создавање, пред и по Илинденското востание па се до АСНОМ, го носи белегот на тој историски датум како почеток на идејата за револуционерна борба.
Говорници на трибината беа проф. д-р Катерина Тодороска и проф. д-р Ленина Жила.
Извор: Општина Карпош