spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Се одржа Третата по ред работилница за управување со пожари на...

МЗШВ: Се одржа Третата по ред работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија

Во Скопје се одржа Трета по ред Национална работилница за управување со пожари на ниво на предел во Република Северна Македонија, организирана од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како национален партнер институција во соработка со Регионалниот центар за следење на шумски пожари (RFMC). Програмата “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC) координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје како регионална извршна агенција со законодавна поддршка од ХЕЛВЕТАС агенција од Швајцарија.

На работилницата присуствуваа раководителот на секторот за шумарство и ловство Саша Јовановиќ, тим лидер на програмата Цветан Јовановски, раководителот на регионалниот центарот за следење на шумски пожари Никола Николов, како и претставници на институции, Агенции, Јавни претпријатија, Научно образовните институции, Факултети, Здруженија и Волонтерски друштва, односно институции кои се тесно поврзани со управување со пожарите на ниво на предел во Република Северна Македонија.

Како трета во низа, работилницата имаше за цел да одговори на клучните прашања на управувањето со пожарите веќе дискутирани на првата и втората работилница оваа година, фокусирајќи се на главните цели односно преглед на целокупниот процес за изработка на Националниот извештај за управување со пожари на ниво на предел во Република Северна Македонија, заедничка согласност за конечниот нацрт извештај од сите чинители, заедничко усогласување и изработка на Насоки/Упатства за управување со пожарите, дефинирање на недостатоци во управување со пожари и претставување на концепт за изработка на Национална стратегија за управување со пожарите на ниво на предел, дефинирање на визија и општи цели на  стратегијата.

“Шумите не се само дрвја, тие се крвотокот на нашата животна средина и белите дробови на нашата планета, поддржувајќи различни екосистеми, обезбедувајќи живеалиште за безброј видови и служејќи како извор на храна за заедниците и економската егзистенција на луѓето кои живеат на таквите предели. Силното влијание на шумските пожари врз овие екосистеми и заедници не смее  да се потцени, што по себе прави императив да бидеме цврсти во нашата заложба за заштита на шумите од пожарите на отворен простор” потенцираше раководителот на секторот за шумарство и ловство Саша Јовановиќ.

Тим лидер на програмата Цветан Николовски ја напомена и важноста да се работи на подобрување на соработка на локалното но и на регионално ниво, на подобрување на капацитетите, активното вклучување на сите чинители, и ги поздрави присутните за нивниот ангажман, посветеност и активно учество во формирањето на Националната мрежа за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија.

На самиот почеток, Националниот проект соработник Бојан Михајловски, презентираше за  целокупниот процес на изготвување на Националниот извештај за управување со пожарите на ниво на предел, кој како процес траеше од почетокот на година 2023, вкучувајки 3 Национални работилници огромен број на институции, и претставници на институции поврзани со управувањето на пожарите на ниво на предел во Северна Македонија.

На работилницата беше презентирана и трета Нацрт верзија од Извештајот за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија, од страна на Националниот проектен соработник Бојан Михајловски. Беше нагласена важноста од заедничките напори од сите засегнати страни во подготовката на овој извештај, подвлекувајќи ја неопходноста од унифициран пристап за ублажување на штетите од пожарите на отворен простор.

Во втората сесија, беше презентирана и SWOT анализата и насоките за управување со пожарите на ниво на предел дефинирани како резултат од втората работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија одржана во Септември 2023, Скопје.

Во вториот дел од работилницата, работа во групи како цел беше дефинирање на недостатоците во управувањето со пожарите преку ГАП Анализа. Главна цел на оваа анализа беше дефинирање на празнините на сегашниот систем за управување, дефинирање каде се наоѓа системот, како сакаме тој систем да изгледа и дефинирање на чекори како да се стигне до таа посакувана цел.
Оваа анализа, извлечени од колективната експертиза на учесниците, ќе игра клучна улога во обликувањето на идните политики во управувањето со пожарите во Северна Македонија.

Во последниот дел од работилницата во работа во групи,  Регионалниот координатор за шумарство и управување со пожари г-дин Велиан Јагев, го претстави концептот за изработка на Национална стратегија за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија како и дефинирање на визија и општи цели на стратегијата.

Третата работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија беше важна исто така и за одржување на Национална мрежа за управување со пожарите, споделувањето знаење за справувањето со сложените предизвици на управувањето со пожарите во Северна Македонија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗШВ: Законот е ист за сите, вчера е одземено возило со...

0
Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно...