spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Акцијата Ајде да пошумуваме продолжи со пошумување на локацијата Кокино во...

МЗШВ: Акцијата Ајде да пошумуваме продолжи со пошумување на локацијата Кокино во Куманово, пошумувајќи уште едно опожарено подрачје

Акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ заедно на 03.12.2023 и 05.12.2023 година се спроведе во Кокино Куманово. Акцијата за пошумување беше спроведена  на површина која во август 2021 година беше зафатена со голем пожар и беа опожарени 144 ха високостеблена шума од бел и црн бор, даб ,багрем и други дрвни видови. Пожарот  предизвика штета од големи размери имајќи  ги во предвид комерцијалните а особено еколошките штети.

На 03.12.2023 година јавното претпријатие  Национални шуми заедно со ДМ Дрогерие ,  по втор пат  спроведоа  акција на која беа пошумени 30 000 садници.

На 05.12.2023 година по повод Светскиот ден на волонтерите на повеќе од 150 извидници од цела држава дојдоа на Кокино, Североисточен регион каде се  пошумуваше опожарена површина со 6000 садници од видот црн бор.

Во овој предел е планирано пошумување на 61 хектар земја. Годинешната голема акција за пошумување има за цел пошумување на над 400 хектари со 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Благодараме до нашите партнери, општествено одговорните компании , Сојузот на извидници на Македонија и сите инволвирани за придонесот во оваа акција. Заедно го збогатуваме шумскиот фонд на државата, за нас, нашите деца да имаат здрава иднина.Ајде заедно да ја вратиме бојата на шумите, ајде заедно да пошумуваме.

Со овие спроведени акции се испраќа порака за важноста на подигање на свеста на населението и општествено одговорните компании во вклучување  во акциите за пошумување односно подигање на  зелени површини  низ државата.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...