Во рамки на Општина Центар се одржаа обуки за човечки ресурси во воспитно-образовниот систем на која учествуваа единаесет директори и друг стручен кадар од основните општински училишта и градинки во нашата локална самоуправа.
Квалитетен и мотивиран наставен кадар, кој постојано професионално се надградува и развива е клуч за успешна едукација и воспитување на нашите млади генерации.
Да создаваме ефикасен систем во кој ќе регрутираме и задржуваме наставници и воспитувачи кои посветено и со љубов работат со децата.
Обуките се спроведуваат во соработка со Институтот за развој и унапредување на образование, култура, економија, право, здравје, спорт и други општествени феномени „ЕВРОПСКИ СОЅВЕЗДИЈА“.
Извор: Општина Центар