spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Отворен форум за антикорупција

ДКСК: Отворен форум за антикорупција

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска имаше свое обраќање првиот ден од „Отворениот форум за антикорупција“ кој се одржува на 06-07 декемри 2023 година во хотелот „Холидеј инн“ во Скопје, во рамки на панел дискусијата на тема „ДАЛИ ГИ ИСПОЛНИВМЕ ВЕТУВАЊАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА?“

Во рамки на своето излагање претседателката Ивановска се осврна на постигнувањата на ДКСК во текот на мандатот на овој состав на ДКСК како и на опструкциите и притисоците со кои се соочувала ДКСК во своето работење. Таа потсети на резултатите од Извештајот за проценка за корупцијата според кои довербата во Државната комисија во 2023 пораснала во однос на 2021. Според претседателката Ивановска имањето политичка волја е клучно во борбата против корупцијата, односно поентираше со една здравствена аналогија „Лекот ќе делува тогаш кога пациентот ќе сака да го прими“.

Во рамки на панел дискусијата свои обраќања, покрај претседателката на ДКСК Билјана Ивановска имаа и Славица Грковска, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Максим Ацевски, Главен државен ревизор, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации и Снежана Камиловска Трповска ос МЦМС.

 

 

Извор:  Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...