Министерството за образование и наука ги известува сите ученици и студенти кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата дека треба да ги потпишат спогодбите во прилог на оваа информација и да ги достават до министерството најдоцна до 15 декември 2023 година. Спогодбите доставени по овој рокот нема да бидат прифатени.
Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии заради нивното изедначување од моментот на зголемување на стипендиите до потпишувањето на анексот кон договорот за стипендија.
За студентите исплатата ќе се врши на три рати, и тоа прва рата за 4 месеци до крајот на 2023 година, втора рата за 5 месеци и трета рата за 6 месеци заклучно со 30.6.2024 година.
За учениците исплатата ќе се изврши одеднаш за сите месеци.
Нагласуваме дека спогодбите можат да ги потпишат само оние ученици и студенти кои претходно потпишале анекс на договорот за стипендијата.
i spogodba studentski stipendii