Врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр. 04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр. 04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр. 04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр. 04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр. 04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, бр. 04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр. 04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр. 04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр. 04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр. 04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр. 04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр. 04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр. 04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр. 04-15375/1 од 25.12.2019 година, бр. 04-663/1 од 16.01.2020 година, бр. 04-1558/1 од 28.01.2020 година, бр. 04-2121/1 од 05.02.2020 година, бр. 04-2197/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2204/1 од 06.02.2020 година, бр. 04-2729/1 од 14.02.2020 година, бр. 04-5709/2 од 12.06.2020 година, бр.04-5898/1 од 18.06.2020 година, бр.04-8308/1 од 02.09.2020 година, бр.04-11404/1 од 16.10.2020 година, бр.04-12334/1 од 04.11.2020 година бр. 04-1113/1 од 21.01.2021 година, бр. 04-1797/2 од 01.02.2021 година, бр. 04-2606/1 од 11.02.2021 година, бр. 04-2733/1 од 12.02.2021 година, бр.04-5650/1 од 30.03.2021 година, бр.04-6564/1 од 20.04.2021 година, бр.04-7597/2 од 14.05.2021 година, бр.04-9695/1 од 30.06.2021 година, бр.04-9923/1 од 02.07.2021 година, бр.04-12501/1 од 30.08.2021 година, бр.04-16232/1 од 22.11.2021 година,бр.04-16524/1 од 26.11.2021 годинаи бр.04-17319/1 од 14.12.2021 година, бр.04-6232/4 од 28.12.2021 година, бр.04-739/1 од 20.01.2022година, бр.04-1562/1 од 08.02.2022 година,бр.04-2963/1 од 08.03.2022 година, бр.04-3720/1 од 23.03.2022 година, бр. 04-4726/1 од 13.04.2022 година, бр. 04-6370/1 од 01.06.2022 година, бр. 04-7328/1 од 21.06.2022 година, бр. 04-9597/1 од 11.08.2022 година, бр. 04-14939/1 од 12.12.2022 година , бр. 04-2176/1 од 21.02.2023 година, бр.04-5283/1 од 11.05.2023 година, бр. 04-7392/1 од 06.07.2023 година, бр.04-7695/1 од 13.07.2023 година, бр. 04-8125/1 од 27.07.2023 година и бр. 04-12794/1 од 24.11.2023 година. Министерството за образование и наука објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2023
за унапредување на административни службеници
во Министерството за образование и наука
Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следните работни места:
- УПР0101Б04000 Раководител на одделение за капитални инвестиции во Сектор за организациони и инвестициони работи на Министерството – 1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, инженерство и технологија – градежништво, машинско инженерство и друго инженерство и технологии
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции на напредно ниво:
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– положен испит за административно управување
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 35.363,00 денари.
- УПР0101В01000Советник за справување со девијантни појави во основното образование во Одделение за основно образование во Сектор за основно образование – 1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен социјална работа и социјална политика, наука за јазикот (лингвистика) или образование
– најмалку три години работно искуство во струката,
Општи работни компетенции на средно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 31.524,00 денари.
- УПР0101В01000Советник за стипендии и прашања од студентскиот стандард во Одделение за студентски стандард во Сектор за ученички и студентски стандард – 1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, правни науки или јавна управа и администрација
– најмалку три години работно искуство во струката,
Општи работни компетенции на средно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 31.524,00 денари.
- УПР0101В01000 Советник за развивање и имплементација на Националната рамка за квалификацииво Одделение за Национална рамка за квалификации во Сектор за меѓународна соработка – 1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен општествени науки – образование, економија и бизнис или други општествени науки (организациони науки и управување (менаџмент))
– најмалку три години работно искуство во струката,
Општи работни компетенции на средно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 31.524,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здрваствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на исто ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси coveckiresursi@mon.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потвдри за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страницата на Министерството за образование и наука.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.