Годинава се реконструирани спортското игралиште на средното училиште на Град Скопје “Панче Арсовски“ и спортските сали во училиштата “Ѓорѓи Димитров” и “Марија Кири Склодовска”. Во рамки на активностите и средното училиште на Град Скопје „Сарај“ добива целосно реновирани спортски терени, со што над 1200 ученици сега имаат пристап до реконструирано мулти функционално игралиште за кошарка и фудбал.
Со реконструкцијата на овие терени се заокружува спортскиот комплекс во училиштето кој им овозможува на учениците и наставниот кадар одлични услови за одржување на наставата по физичко воспитување, спортување, и рекреирање.
Терените изградени по највисоки стандарди, им овозможуваат на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надградуваат, со што надворешните спортски терени и фискултурната сала стануваат место за дружење и спортување.
Град Скопје едновремено отпочна и со имплементација на проектот од програмата За модерно Скопје, со кој се реализира поставување на надворешни фитнес зони со современи фитнес реквизити во дворните места, кои имаат за цел поттикнување на здрави животни навики кај учениците.
Извор: Град Скопје