spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Работниците и нивните права за нас се на прво место, затоа...

МТСП: Работниците и нивните права за нас се на прво место, затоа континуирано продолжуваме да соработуваме со МОТ

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од РСМ се сретнаа со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти. На средбата фокусот на разговорот беше на соработката и придонесот на Меѓународната организација на трудот во работата на Министерството за труд и социјална политика во делот на поголеми работнички права, подобри работни места и флуидноста на работници на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.

 

Тренчевска на средбата на директорката и го објасни новиот предлог Закон за работни односи и посочи дека во истиот се земени сите технички коментари на Меѓународната организација на трудот. Таа потсети дека претставниците на МОТ во РСМ активно учествуваа на секоја од јавните расправи за законот, каде беа дадени конструктивни коментари од сите релевантни чинители.

Министерката зборуваше и за новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови.

„Како држава ја применивме новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови и истата се покажа како ефикасен инструмент кој ни помогна да ги детектираме недостатоците на нашиот механизам“, рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за плодната соработка на МТСП и МОТ во делот на безбедност и здравје при работа.

„Подолго време се работи на нов Закон за безбедност и здравје при работа и кога ќе заврши неговата подготовка, од големо значење би ни било да добиеме технички коментари и за овој закон, со оглед на фактот дека Законот ќе треба да обединува голем дел од меѓународните трудови стандарди од областа на безбедност и здравје при работа, а кои се неопходни, доколку сакаме да ги унапредуваме работничките права во целина“, истакна Тренчевска.

На средбата беше спомената и подготовката на новиот Закон за заштита од вознемирување на работното место. Министерката истакна дека истиот треба да биде усогласен со Конвенцијата за заштита од насилство и вознемирување бр. 190 која во РСМ беше ратификувана оваа година.

На крај од средбата директорката, Харасти ја покажа спремноста на МОТ да се приклучи во синхронизацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место со Конвенцијата бр. 190 и посочи дека и претставува вистинско задоволство што Владата има континуирана соработка со канцеларијата на МОТ во РСМ. Таа истакна дека секоја помош која што е потребна на тимовите од министерството за унапредување на прашањата за кои се залага МОТ ќе биде несебично укажана.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...