spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Рехабилитирана е ул. “Рафајло Батино” во Хром

Ѓорче Петров: Рехабилитирана е ул. “Рафајло Батино” во Хром

Општина Ѓорче Петров во изминатите денови релизираше уште еден проект во интерес на жителите на Ѓорче Петров. Рехабилитирана е ул. “Рафајло Батино” во Хром до кејот на Вардар во должина од 150 метри и широчина од 3,5 метри.

Улицата претходно беше во лоша состојба, а со нејзиното асфалтирање, освен што го олеснивме движењето и сообраќањето по улицата, значително им олеснивме и на рекреативците кои често го користат кејот.

Ова е уште една улица од градежната офанзива во руралниот и урбан дел кој неодамна го најави градоначалникот Александар Стојкоски. И покрај лошите временски услови и намалените градежни активности, како што рече Стојкоски, нема да бидеме спречени да ги реализираме дадените ветувања.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...