spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Посветени сме да им помогнеме на нашите мали и средни претпријатија...

МИОА: Посветени сме да им помогнеме на нашите мали и средни претпријатија да ја користат технологијата поефикасно

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска се обрати на Конференцијата и тркалезната маса на тема : ” Премостување на дигиталните јазови: Водење на македонските микро, макро и средни претпријатија кон иднината”, организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија.

Министерот Алиу помеѓу другото акцентот го стави на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација и на Агенцијата за мрежна безбедност.

“  Дигиталната трансформација е голем предизвик и можност за нашето општество. Посветени сме да им помогнеме на нашите мали и средни претпријатија да ја користат технологијата поефикасно, да ја зголемат конкурентноста и позитивно да влијаат на нашата економија.

Еден од 5-те закони што неодамна ги одобри Владата е Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација.

Со овој закон приоритет е формирањето на Агенција за мрежна безбедност и дигитална трансформација на јавниот сектор.

Агенцијата ќе има потенцијал да ги поврзе бизнисите, јавната администрација и граѓаните со најновите технологии и ресурси, ќе помогне да бидаат глобално конкурентни, да се развива и насочува општеството, а не само кон дигитална трансформација ” , посочи министерот Алиу во неговиот говор.

 Министерот Алиу, на крај додаде дека заедно можеме да придонесиме кон зајакнување на нашите мали и средни претпријатија.

“ Заедно, можеме да изградиме успешна средина за малите и средни претпријатија, ставајќи ги во првите редови на иновациите и конкурентноста на нашиот регион”, заклучи министерот Алиу.

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...