spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Дигитализацијата на Училиштата продолжува

Бутел: Дигитализацијата на Училиштата продолжува

Денес, во ООУ ,,Св. Климент Охридски” беа поставени смарт табли. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека ова училиште е прво коешто доби комплетно опремени училници, кабинети и кабинет по информатика со смарт уреди.

Во училницата во која градоначалникот го заврши основното образование, се одржа час по историја на новите смарт табли.

Во изминатите две години општина Бутел обезбеди смарт табли и компјутери, а со денешната инвестиција целосно се реализирање дигитализирањето.

За учениците, смарт уредите го зголемуваат интересот за наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат наставниот процес.

Поддршката на образованието и вложувањето во наставниот процес и понатаму ќе остане да биде врвен приоритет на градоначалникот.

Влогот во најмладите е влог во иднината.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...