Во Владата на Република Северна Македонија се оддржа КОНСТИТУТИВНАТА седница на СОВЕТОТ за реформа на јавната администрација, каде што се презентираше Петтиот годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за РЈА 2018-2022 и Акцискиот план за 2022 година, во присуство на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и други преставници од Владата.
Министерот Азир Алиу посочи дека од вкупно 31 активност предвидени за 2022 година, целосно се спроведени 15 активности.
“ Од вкупно 31 активност за која се известува во периодот јануари – декември 2022 година целосно спроведени се 15 активности, а доцнат со реализација 16 активности, односно за временската рамка за 2022 година степенот на реализација е 48%.
Ако ги разгледуваме активностите по приоритетни области, во првата приоритетна област не беа предвидени активности за 2022 година, во втората приоритетна област реализирани се 25% од активностите, во третата приоритетна област се реализирани 100%, а во четвртата приоритетна област 52%.
Голем дел од мерките и активностите од имплементацијата на АП и во текот на 2022 година не се реализираа бидејќи беа поврзани со донесување на измени и дополнување или носење нова законска регулатива.”, посочи министерот Алиу.
Во врска со резултатите кои што беа постигнати во 2022 година, Алиу рече дека е зајакната транспарентноста на институциите и механизмите за достапност на информациите од јавен карактер.
“ Клучните постигнати резултати во периодот јануари-декември 2022 година се зајакната транспарентност на институциите и механизмите за достапност на информациите од јавен карактер; Зголемен e бројот на електронски услуги достапни до граѓаните преку националниот портал за електронски услуги; Зголемен e бројот на институции приклучени на Платформата за интероперабилност на 56 институции/инстанци (комуникациски клиенти); Воспоставен e посебен модул за поврзување на Централен регистар на население со Државната изборна комисија; Изработен e Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија за периодот 2023-2025 година и воспоставувањето на механизми за планирање, имплементација и мониторинг на принципите на отворени податоци и зајакнување на свеста кај граѓаните и бизнис заедницата.”, рече министерот Алиу.
На дневен ред беше и информацијата за спроведување на Мисијата на СИГМА за оценка за напредокот на јавната администрација. Истата се спроведува на секои две години, а врз основа на наодите од оценката Европската Комисија го цени напредокот и спремноста на јавната администрација да ги спроведува политиките на ЕУ. Последната оценска мисија беше спроведена во 2021 година, а следната ќе се спроведе во периодот од февруари до април 2024 година.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација