Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН, директно преку писарницата во министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), oд 02.01.2024 до 18.01.2024 година.
Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, се замолуват кандидатите да не ги доставуват приговорите пред да го добијат решението за одбивање.
За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк
Прва група – стипендии за редовни студенти од социјални категории
Втора група – стипендии за студенти со висок просек (државни универзитети)
Втора група – стипендии за студенти со висок просек (приватни универзитети)
Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по Информатика
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (државни универзитети)
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (приватни универзитети)
Договор – Историја на Уметност, Археологија,Ликовна Уметност, Етнологија и Антропологија
Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по Хемија
Стипендии за студетнти запишани на студиски програми по хемија
Стипендии за студетнти запишани на студиски програми по физика
Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по Физика
Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по Математика
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по математика
Договор за стипендија од земјоделските, ветеринарните и шумарските науки